Малолетен велосипедист од Франција тешко повреден во сообраќајка во Охрид

На 07.04.2026 во 15:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул. „Туристичка“ во Охрид, 17-годишен малолетник од Франција, управувајќи велосипед, удрил во запрено патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од И.Д.(41) од Охрид.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани