Директорот на театарот од Никшиќ, Радинко Крулановиќ, престојуваше во работна посета на Охрид, каде што беше договорена значајна соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“ и Народниот театар Охрид, предводени од директорот Горан Стојаноски.
Во рамките на посетата, Крулановиќ имаше прием кај градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. На средбата беше потврдена подготвеноста за соработка на сите полиња во културата, со посебен акцент на размена на театарски претстави и заеднички проекти.
Најавено е дека соработката ќе се прошири и на ниво на двата града, со што ќе се зајакнат културните врски меѓу Никшиќ и Охрид
