Мониторинг на пештерски екосистеми – во Националниот парк Галичица 

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“, се спроведува редовен мониторинг на пештерите со научни цели, со цел заштита на чувствителните екосистеми.

Со поставување на современи камери, истражувачкиот тим овозможува континуирано, ненаметливо и прецизно следење на динамиката на животните и условите во пештерите. Овој видео-мониторинг помага да се добијат важни податоци за живеалиштата, да се забележат промени и навремено да се реагира на потенцијални закани.

Процесот го води тимот на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, кој ја поставува и одржува опремата, како и ги анализира собраните податоци. Проектот е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и се реализира во соработка со Црвен крст Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица.

 Со оваа иницијатива, Националниот парк Галичица се позиционира како пример за примената на современи технологии во заштитата на природното наследство и одржливото управување со пештерските екосистеми.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани