Градоначалникот на Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународен ден на Ромите.
Во честитката, Пецаков истакнува дека овој ден е потсетник за вредноста на различностите и богатството што го носи секоја заедница во мултиетничкото општество. Тој нагласува дека Ромите се нераскинлив дел од современото македонско општество, со својата традиција, култура и придонес во сите сфери на општествениот живот.
Пецаков повика на заедничка посветеност во градењето општество во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности за напредок и достоинствен живот, потенцирајќи дека тоа може да се постигне преку меѓусебна почит, разбирање и солидарност.
Во честитката, тој на сите припадници на ромската заедница им посака добро здравје, лична среќа и успех, со надеж за заедничко градење подобра иднина за сите граѓани.
