Асфалтиран првиот дел од улицата „Ќитано плевне – Бебекој“ во Вевчани

Во Вевчани заврши асфалтирањето на првиот дел од локалната улица „Ќитано плевне – Бебекој“, со што се подобрува инфраструктурата и условите за движење на жителите во овој дел од населеното место.

Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат активностите за целосно доасфалтирање на улицата, како и за поставување на канделабри за улично осветлување.

Со овие зафати се очекува дополнително уредување на просторот и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани