На 17.04.2026 во 00:30 часот во СВР Охрид, Д.Н. (34) од Охрид пријавил дека околу 23:30 часот, додека бил на работното место како физичко обезбедување во казино во Охрид, бил мета на закани.
Според пријавата, по претходно недоразбирање, лицето Г.Б., кое имало забрана за влез во казиното, му упатило сериозни закани со остар предмет.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе следува соодветен поднесок.
