Кривична за в.д. директорка на НП Галичица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишна жена од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според информациите од полицијата, во текот на 2026 година пријавената, во својство на в.д. директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид.

Станува збор за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен инфраструктурен проект. Дополнително, парцелата се наоѓала во заштитен појас од 50 метри, каде што важел времен мораториум за градежни активности, донесен од Општина Охрид согласно планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани