Се работи на долгорочно решение за плажите на брегот на Охридското Езеро

Во подготовка  е новиот  план за  уредување  на плажите на брегот на Охридското Езеро.  Надлежните институции работат на изнаоѓање  на  законски издржано решение.

Во моментов, на сила е  привремен модел, плажите во Охрид  се издаваат без концесија,  туку  со поставување урбана опрема.

„Во моментов се работи на долгорочни решенија, се работи на изготвување на решение. 00:13:56 Во моментот во Охрид, во изменативе три 3,5 години, ова ќе биде четварта, го има на  тој начин решено,  има организирано уредување на плажите, меѓутоа на многу поинаков начин, тој е само со урбана опрема, изјави Кирил Пецаков градоначалник на општина Охрид.

Прашањето за плажите датира од пред повеќе од една деценија. По истекот на концесиите,  сопствениците  не ги вратија  во првобитна состојба, туку продолжија  со работа.

„Охрид, но и Струга, Ресен и Дојран имаа јавен повик во 2010 година, со урбанистички проекти за плажи. Сите овие плажи се изградени со одобрение, со дозвола и со урбанистички проекти.“, додава Пецаков.

Според надлежните новиот план за уредување на плажите  нема да донесе суштински промени, а останува неизвесно дали ќе биде готов до пред почетокот на туристичката сезона.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани