„МЕНОПАУЗА“ ВО ОХРИД – ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ ДО СОЛЗИ

Охридската публика на 24 април ќе има можност да ужива во урнебесната монодрама „Менопауза“, која по распродадените изведби во Скопје и Кавадарци, доаѓа и на сцената на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Во главната улога настапува Тијана Дапчевиќ, која со својот препознатлив шарм и енергија носи гласна, искрена и духовита исповед за теми за кои често се молчи – но овојпат се отвораат без задршка и со многу смеа.

Претставата започнува во 20:00 часот, а публиката ја очекува вистински stand-up спектакл исполнет со хумор за секојдневието – од хормони и ПМС, до љубовни недоразбирања и „кризи“ во зрелите години.

Автор на текстот е Данило Вукотиќ, додека режијата ја потпишува Раде Вукотиќ.

Билетите се веќе во продажба и можат да се набават на повеќе локации низ градот.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со смеа, препознавање и женска солидарност, со порака – ваквите претстави најдобро се доживуваат во добро друштво.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани