Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, оствари посета на РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид, при што изврши увид во реализацијата на проектот за реконструкција и модернизација на училиштето.
Посетата беше насочена кон следење на напредокот во проектот кој опфаќа реконструкција, набавка на материјали и опремување на Центарот и кабинетите за практична настава, согласно современи стандарди за работа.
Од училиштето информираат дека имале можност да слушнат позитивни коментари и пофалби од амбасадорот, како за целокупната работа на Центарот, така и за ангажманот на учениците и наставниот кадар.
Во рамки на посетата, беа презентирани и практични активности, при што учениците и професорите го демонстрираа своето знаење и вештини стекнати преку наставниот процес.




