Параглајдерите немаат дозвола да слетуваат на пешачката патека

Избегната поголема трагедија,  откако параглајдерист од Германија, при слетување заврши на пешачката патека во Охрид и удри  во канделабра. Според првичните информации, параглајдерот полетал од месноста Баба на Галичица, а при обидот за слетување изгубил контрола и завршил во фреквентната пешачка зона. Во моментот на инцидентот на патеката се движеле мајка со мало дете и двајца пешаци, кои за среќа успеале да го избегнат ударот.

Параглајдеристите  од Агенцијата за воздухопловство имаат три одобрени  локации за слетување во Охрид, но не и на пешачката патека.

-„Тука, секако дека не може да се изземе одговорността на институциите, меѓутоа голем дел од одговорността имаат и организаторите на самите настани, бидејќи тие треба да бидат повеќе свесни бидејќи сево таа фела, треба да ги знаат сите опасности и да преземат, односно да имаат содветен план за управујање со ризиците“, вели Антонио Додески.

Случајот повторно ја отвора темата за безбедноста во авантуристичкиот туризам, кој е во подем, но  недостига инфраструктура,  построга регулатива, безбедност  и контрола.

-„Не треба да се оди по принципот ‘лов на вештерки’, туку треба системски да се седне и да се решава проблемот. Ова не е само еден проблем во параглајдингот, имаме слични состојби и во други сфери, каде што често недостасуваат елементарни планови за управување со ризици и соодветна едукација.“, додава Додески.

Засега нема информации за сериозни повреди кај параглајдеристот и неговата сопатничка. Но во Охрид секоја година има по три параглајдерски несреќи, некои со фатални псоледици.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани