Општина Вевчани во соработка со GIZ, преку проектот „Wi-Fi за Западен Балкан“ (WiFi4WB), обезбеди бесплатен интернет во централното подрачје на општината.
Градоначалникот Спасе Кочовски информира дека со реализацијата на овој проект, Вевчани добива дополнителна дигитална услуга во корист на граѓаните и посетителите.
Од Општината посочуваат дека ваквите иницијативи се доказ дека локалната самоуправа останува посветена на подобрување на условите за живот и унапредување на услугите за сите граѓани.
