ССКМ со остра осуда за сомнежи за нелегални третмани

Компаниите од здравствениот сектор, членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, најостро ги осудуваат наводите за евентуално вршење нелегални медицински третмани и употреба на недозволени препарати.

Во нивната реакција се наведува дека ваквите дејствија, доколку се потврдат, претставуваат сериозно нарушување на медицинската етика, закана за здравјето на пациентите и поткопување на довербата во здравствениот систем.

Од ССКМ апелираат на целосно, транспарентно и одговорно постапување од страна на институциите, со цел утврдување на сите факти и преземање соодветни мерки согласно законската регулатива.

Истовремено, се потенцира дека мора да се почитува и принципот на презумпција на невиност, сè до официјално утврдување на евентуалната одговорност.

Компаниите нагласуваат дека остануваат цврсто посветени на заштитата на пациентите, унапредување на професионалните стандарди и почитување на највисоките етички норми, со јасна определба за нулта толеранција кон злоупотреби во здравството.

Воедно, се бара засилен надзор и системски мерки за превенција, со цел спречување на вакви појави во иднина, а од надлежните институции се очекува навремено и одлучно постапување, како и редовно и транспарентно информирање на јавноста за текот на постапката.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани