„Охридски Комуналец“ со засилени активности за машинско миење и дезинфекција

Ј.П. „Охридски Комуналец“ деновиве спроведува активности за сезонско машинско миење на јавните површини, со цел одржување на хигиената и јавната чистота на високо ниво.

Со автоцистерни се мијат сообраќајници, плоштади, пешачки патеки, детски игралишта и други јавни површини, при што паралелно се врши и дезинфекција со соодветни средства.

Од претпријатието информираат дека ваквите активности се дел од редовната програма, особено во пресрет на зголемената фреквенција на граѓани и туристи во градот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани