Во село Слатино денеска со длабока почит беше одбележана 25-годишнината од настаните кај Вејце, во чест на загинатите бранители од 2001 година. Меѓу нив беше и Игор Костески од Слатино, кој како млад човек го загуби животот во одбрана на Македонија.
Во рамки на одбележувањето, беше откриена биста во негова чест, како траен спомен и симбол на жртвата што ја дал. Присутните ја посетија и спомен-собата на Костески, каде преку лични предмети и сведоштва се чува сеќавањето на неговиот живот и храброст.
Настанот беше збогатен со настап на оркестарот при ОУ „Дебрца“, кој придонесе за достоинствена и емотивна атмосфера.
На одбележувањето присуствуваа припадници на Армијата, ветерани и жители на Слатино, испраќајќи силна порака дека споменот за загинатите бранители останува жив и траен.
Со пригодни активности и оддавање почит, Слатино денеска уште еднаш ја потврди својата улога како чувар на сеќавањето на хероите од 2001 година.




