Охрид – Синоќа настана дефект на водоводната мрежа кај селото Пештани, каде е регистрирано пукање на цевка со профил Ф 300 милиметри.
Поради дефектот, од 18:00 часот без водоснабдување останаа селото Пештани и новите згради во негова близина.
Од ЈП „Водовод“ информираат дека екипите веднаш излегле на терен и работат на отстранување на проблемот.
„Настанат е уште еден голем дефект, пукната е цевка со профил ф 300 мм пред село Пештани. Вечерва од 18:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има селото Пештани и новите згради пред селото“, информираат од претпријатието.
Воедно додаваат дека интервенцијата ќе трае до целосно санирање на дефектот.
„Екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата“, стои во информацијата.
Надлежните не прецизираат кога точно ќе биде нормализирано водоснабдувањето.
