Учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“ со поддршка за ГРК Охрид

Охрид – Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ денес испратија силна поддршка за ракометниот клуб ГРК Охрид, истакнувајќи дека тимот не е сам во своите настапи.

Од училиштето посочуваат дека зад секој успех на клубот стои поддршката од младите.

„Денес, учениците и професорите покажаа дека ГРК Охрид не игра сам. Зад секој гол, секоја победа и секоја борба стои една цела генерација, една младост и едно срце што чука за Охрид!“, стои во објавата.

Со пораката, како што велат, се испраќа и поширока симболика за заедништво и поддршка.

„Од гимназиските клупи до трибините испраќаме силна порака: дека победничкиот дух се учи, се живее и се брани заедно“, наведуваат од гимназијата.

Тие додаваат дека поддршката не е само за клубот, туку и за градот и иднината.

„Ова не е само поддршка за клубот, ова е поддршка за нашата гордост, нашиот Охрид, нашата Македонија и нашата иднина“, се вели во објавата.

Од училиштето испраќаат и порака за претстојните натпревари, посакувајќи му успех на клубот.

„Напред ГРК Охрид, борбено, достоинствено и победнички за европско финале!“, порачуваат тие.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани