Со физичка сила спречувале полицајци на Г.П. „Св.Наум“ – поднесена кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Н.(51) и Ф.Н.(26) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Според информациите од полицијата, на 29.04.2026 година околу 21:00 часот на Граничниот премин „Св.Наум“, при влез во државата, едно лице од Албанија го нарушило јавниот ред и мир.

Кога полициските службеници презеле мерки за негово приведување, пријавените со употреба на физичка сила, туркање и агресивно однесување ги спречувале во извршувањето на службените дејствија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани