Со средства од буџетот на Општина Охрид во висина од 6,4 милиони денари во тек е целосна реконструкција на улицата „Прилепска“, информираше градоначалникот на Кирил Пецаков.
Проектот опфаќа уредување на улицата и поставување нов асфалт на делница во должина од околу 530 метри, со што, според локалната самоуправа, значително ќе се подобрат условите за побезбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Претходно на оваа улица беше реализирана и замена на водоводната линија, при што биле изведени околу 70 нови водоводни приклучоци. Од Општината посочуваат дека активностите се дел од пошироките инфраструктурни зафати за подобрување на комуналната мрежа и условите за живот во сите делови на Охрид.



