Факултет за туризам и угостителство – Охрид и оваа година беше домаќин на завршниот Мастерс квиз во организација на Македонска квиз асоцијација, кој се одржа на 10 мај во Охрид.
Настанот, кој веќе четврта година по ред се организира во Охрид, ги собра најдобрите квизаџии од државата, кои ги одмерија своите знаења во повеќе области – култура, историја, наука, спорт, медиуми, животен стил, забава и свет.
Натпреварувачите одговараа на вкупно 200 прашања поделени во два дела, а автор на прашањата беше Зоран Јорданов, познат по бројни квиз и енигматски проекти.
Од ФТУ Охрид посочуваат дека и понатаму остануваат посветени на поддршка на настани кои го поттикнуваат знаењето, критичкото размислување и интелектуалниот натпреварувачки дух кај младите и пошироката заедница.
На крајот од настанот беа упатени честитки до организаторите и сите учесници за успешната реализација и позитивната атмосфера на Мастерс квизот.
