Обезбедувач тешко повреден при интервенција во хотел во Пештани

На 17 мај 2026 година во 17:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека Н.К.(40) од селото Врбјани, охридско, вработен како обезбедување во хотел во Пештани, бил физички нападнат при интервенција по нарушување на јавниот ред и мир.

Според информациите од полицијата, обезбедувачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјална болница „Свети Еразмо“.

Претходно, во периодот од 01:15 до 02:00 часот, полициски службеници привеле четири лица и тоа Д.Ч.(21), М.С.(20) и М.Б.(20) од Србија, како и Б.В.(21) од Босна и Херцеговина, поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во хотелот во Пештани.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани