Детската претстава „Кловн“ премиерно пред охридската публика

Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ во чии рамки твори Охридскиот театар, годинава ќе реализира четири детски претстави под работен наслов „Куфер театар“.

Во рамки на програмата, на 24 мај 2026 година (недела), со почеток во 12:00 часот, премиерно ќе биде изведена детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески. Текстот е на Кристина Тодороска Петреска, по мотиви на делото „Се бара стар Кловн“ од Матеј Висниек.

Во претставата настапуваат актерите од охридскиот ансамбл: Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ, додека костимографијата и дизајнот се дело на Моника Гачева. Цената на билетот е 200 денари.

„Со проектот ‘Куфер театар’ сакаме да создадеме современи и едукативни претстави за најмладата публика и да ја доближиме театарската уметност до децата преку интересни и креативни сценски приказни“, информираат од Центарот за култура.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарата при Центарот за култура, која работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, како и од 10:00 до 12:00 часот на денот на изведбата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани