Жител на Требеништа пријавил физички напад пред станбена зграда во Охрид

Жител на селото Требеништа, општина Дебрца, во СВР Охрид пријавил дека бил физички нападнат пред влез на станбена зграда во Охрид.

Според информациите од полицијата, на 20 мај 2026 година во 20:30 часот, А.Н. (42) пријавил дека околу 18:20 часот, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од лицето Н.С..

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани