Честитка од Пецаков по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до сограѓаните со исламска вероисповед.

„Во мое лично име и во име на локалната самоуправа, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во секој дом.

Курбан Бајрам е празник што ни ги покажува вистинските вредности во животот, а тоа се човекољубието, хуманоста и меѓусебната почит. Во овие празнични мигови да се потсетиме дека соживотот не е само збор, туку секојдневна грижа еден за друг, со разбирање и надеж за подобра иднина.

Да продолжиме заедно да го чуваме духот на заедништвото, кој со векови е препознатлив белег и на нашиот Охрид и на Македонија.

Нека е за многу години!“, стои во честитката на Кирил Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани