„Chill & Connect“ – Саем за волонтерски можности во петок во Охрид

Младинскиот Центар Охрид во петок, на 29 мај 2026 година, ќе го организира третото издание на Саемот за волонтерски можности „Chill & Connect“, настан наменет за поврзување на младите и граѓаните со локалните организации, фестивали и иницијативи кои нудат можности за волонтирање во текот на летната сезона.

Саемот ќе се одржи на плоштадот „Христо Узунов“ (кај Pako House) во периодот од 11:00 до 15:00 часот.

Годинашното издание ќе биде реализирано во поопуштен и современ формат, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со околу десет организации и фестивали, да добијат информации за различни волонтерски ангажмани, да учествуваат во интерактивни активности и директно да се пријават како волонтери на лице место.

Настанот ќе биде збогатен и со DJ сетови, музика и неформална атмосфера, како и со гастрономска понуда и освежување, со цел создавање пријатен и отворен простор за дружење и вмрежување на младите.

Организатор на „Chill & Connect“ е Младински Центар Охрид, во соработка со локални партнери и организации.

Од Младинскиот Центар ги повикуваат сите заинтересирани млади луѓе и граѓани да го посетат саемот, да се информираат за достапните волонтерски можности и да станат дел од активностите што придонесуваат за развојот на локалната заедница.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани