Десетгодишно дете од кичевско повредено со дијабола од воздушна пушка

Десетгодишен малолетник од кичевско бил примен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид со повреда на ногата предизвикана од дијабола од воздушна пушка.

Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен на 26 мај 2026 година во 12:20 часот од страна на болницата.

По пријавата, полициски службеници извршиле службени разговори со таткото на малолетникот и со нивен сосед. Според нивните изјави, настанот се случил на 25 мај околу 19 часот во дворот на соседот во селото Колари, кичевско, при што детето самото се повредило со воздушната пушка.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани