Од утре започнува ограничениот режим на движење во стариот дел на Охрид

Од утре, 28 мај 2026 година, ќе започне да функционира ограничениот режим на движење на моторните возила во стариот дел на Охрид, информираат од ЈП „Билјанини Извори“.

Режимот и начинот на регулирање на движењето се утврдени со Правилникот за издавање картички за движење во стариот дел од градот, донесен од Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ на 11 мај 2023 година.

Од претпријатието ги повикуваат сите граѓани кои имаат потреба од дополнителни информации или се соочуваат со проблеми поврзани со режимот на движење, да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“, сместена во Спортската сала „Билјанини Извори“.

Воедно, од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да го почитуваат и да се придржуваат кон временскиот ограничен режим на движење во стариот дел од градот, со цел непречено спроведување на мерката и подобра организација на сообраќајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани