СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „бегство“.
Според информациите, на 13 мај 2026 година, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои претходно го лишиле од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
Настанот се случил во близина на верски објект во Охрид.
