Охриѓанец физички нападнал сограѓанин по расправија

На 2 јуни 2026 година, во периодот од 01:50 до 02:10 часот, во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 46-годишниот А.Д. од Охрид.

Според информациите од полицијата, на 1 јуни околу 23:35 часот, пред угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, по претходна расправија, тој физички го нападнал С.К.

По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани