Вербални закани и физички напад врз 55-годишна жена во Вевчани

Во Полициското одделение во струшкото село Велешта, вчера во 13:25 часот било пријавено дека на 31 мај годинава во Вевчани, 55-годишната А.Д. била изложена на вербални закани и физички напад.

Според информациите од полицијата, Д.В. ѝ упатил вербални закани на А.Д., додека Д.К.В. физички ја нападнала.

Од СВР Охрид информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против инволвираните лица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани