СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д. (57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Според пријавата, осомничената на катастарска парцела во охридското село Трпејца извршила изградба на индивидуална семејна куќа без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган.
Неправилностите биле констатирани при вонреден инспекциски надзор спроведен од овластен градежен инспектор. Врз основа на затекнатата состојба, инспекторот донел решение за отстранување на бесправно изградената градба.
