На 06.06.2026 година во 12:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Боро Хаџиевски Путе“ во Струга, Б.К. заедно со уште едно женско лице од струшкото село Велешта физички ја нападнале А.Р. (38) од селото Долно Татеши.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.