Активистите трчаа за заштита на бездомните животни

Активистите од „Suzan Rescue Dog House“, заедно со волонтери и љубители на животните, и оваа година симболично учествуваа на Охрид ТрчаТ со порака  на заштита на бездомните животни. Со оваа акција тие уште еднаш апелираа за зголемување на јавната свест, но и за посериозен пристап од страна на институциите.

Според нив, состојбата со бездомните животни во Охрид останува загрижувачка. И покрај долгогодишната работа на активистите, кои успеале да вдомат стотици кучиња и мачки во земјата и во странство, на улиците сè уште има голем број напуштени животни и нови легла.

Активистите предупредуваат дека без доследна примена на законите, резултатите ќе изостанат. Тие посочуваат дека се неопходни построги контроли, казни за неодговорни сопственици, како и задолжителна стерилизација, кастрација и чипирање.

Со денешното учество на трката, тие испратија порака  грижата и хуманоста кон животните мора да станат општествен приоритет.

Не мора да ги сакате животните — но не смеете да ги повредувате!!!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани