Општина Охрид промовираше современ, достапен и сеопфатен Културен информатор, дигитална платформа наменета за информирање на граѓаните и посетителите за сите значајни културни случувања во градот.
Новиот информатор ги опфаќа празниците, манифестациите, годишнините и јубилеите, целосно усогласени со програмата на Општина Охрид, но и најновите културни содржини што се организираат во градот.
На платформата ќе бидат достапни информации за театарски претстави, концерти и музички фестивали, изложби и уметнички колонии, како и литературни настани и други културни случувања.
Целта е граѓаните и туристите навремено и лесно да се информираат и да не пропуштат ниту еден значаен настан во, како што често се нарекува, градот на културата.
Културниот информатор е достапен на: www.kulturaohrid.gov.mk
