Општина Дебрца уредува простор за нов маркет во Лешани

Општина Дебрца започна со уредување на простор за отворање нов маркет во селото Лешани, со цел жителите да добијат полесен пристап до основни прехранбени производи и услуги.

Градоначалникот Златко Сиљаноски информира дека по завршувањето на градежните активности ќе биде распишан јавен повик за закуп на просторот, наменет за заинтересирани претприемачи.

Од општината посочуваат дека за поттикнување на бизнис иницијативи во руралните средини се предвидени и месечни субвенции во износ од 10.000 денари за инвеститори кои ќе отворат нови дуќани во селата.

Со оваа мерка, локалната самоуправа има за цел да ја подобри достапноста на основните услуги за жителите и да создаде подобри услови за економски развој во руралните подрачја.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани