Возач со 1,65 промили алкохол излета од патот кај Прентов мост, возилото му е одземено

Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 48-годишниот О.К. од Прилеп, кој на 6 јули околу 21:05 часот, управувајќи патнички автомобил „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од магистралниот пат Охрид – Ресен кај „Прентов мост“.

По извршениот увид и алкотестирањето било утврдено дека возачот управувал со 1,65 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани