Тешко повредена 84-годишна жена откако во неа удрил автомобил во Охрид

На 6 јули во 21:12 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патнички автомобил „Хјундаи“, управуван од 74-годишниот С.Д. од Охрид, удрил во 84-годишната пешачка М.Т., исто така од Охрид.

Во несреќата пешачката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани