Во Вевчани продолжуваат градежните активности за реконструкција на локалната улица „Костојчини“. Според информацијата од градоначалникот Спасе Кочовски, во четврток и петок е планирано асфалтирање на улицата.
Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните во периодот од 08:00 до 18:00 часот да не паркираат возила на потегот од центарот на Вевчани до улицата „Костојчини“, со цел непречено движење на градежната механизација и безбедно одвивање на работите.
Општината упатува благодарност до жителите за разбирањето и трпението за време на реализацијата на инфраструктурниот проект, кој ќе придонесе за подобрување на локалната патна мрежа.
