Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол

Охриѓанец на 47-годишна возраст е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол.

Според СВР Охрид, на 9 јули во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид–Подмољје, полициски службеници запреле патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.С.(47) од Охрид. При контролата било утврдено дека возачот имал 2,41 промили алкохол во крвта.

Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „безобѕирно управување моторно возило“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани