Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во земјава, Н.Е. Мартин Памер.
На средбата се разговарало за зајакнување на соработката меѓу Охрид и австриската покраина Тирол, која досега донирала возила и опрема за Територијалната противпожарна единица во Охрид. Разгледани биле и можностите за поддршка на планинските спасителни служби.
Пецаков информира дека биле разменети идеи и за воспоставување поблиска соработка меѓу Охрид и градови од Австрија во повеќе општествени области.

