Во рамките на манифестацијата „Вевчанско лето 2026“, ќе биде отворена изложба на творбите создадени во рамките на Четвртата детска ликовна школа, која се реализира како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.
Посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат делата на младите учесници, кои преку својата креативност и талент создадоа бројни ликовни творби.
Настанот ќе биде збогатен и со музичка програма, во која ќе настапат млади таленти од Вевчани, претставувајќи свои музички изведби.
Изложбата е дел од богатата културна програма на „Вевчанско лето 2026“, со која се поттикнува детското творештво и се афирмираат младите уметници.
