Националната координаторка за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Билјана Стефаноска, денес престојуваше во работна посета на Општина Вевчани, каде што се одржа средба со градоначалникот Спасе Кочовски и претставници на локалниот туристички сектор.
На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува туристичкиот сектор, како и за можностите и идните активности насочени кон унапредување на туристичката понуда и зголемување на атрактивноста на Вевчани како туристичка дестинација.
Според информациите споделени од градоначалникот Кочовски, учесниците размениле повеќе идеи и предлози кои треба да придонесат за понатамошен развој и поефикасна промоција на туризмот во општината.
Од Општина Вевчани посочуваат дека ваквите средби се значајни за зајакнување на соработката меѓу институциите и локалниот туристички сектор, со цел создавање подобри услови за развој на туризмот и привлекување поголем број домашни и странски посетители.


