Промовирана стрип-книгата „Бескрајниот пат“ на д-р Ѓоко Докоски

Пред бројна публика во Националната установа „Браќа Миладиновци“ во Струга беше промовирана стрип-книгата „Бескрајниот пат“ од д-р Ѓоко Докоски, во издание на Стрип центарот на Македонија – Велес. Според организаторите, ова е прва промоција на стрип-книга од ваков формат во Струга.

За книгата говореа уредникот на Стрип центарот, Ване Трајков, и д-р Климент Матоски, додека авторот Ѓоко Докоски ги претстави стриповите создадени уште во неговите ученички денови. Книгата содржи 48 стрипови, претходно објавувани во весниците и списанијата „Наш свет“, „Котелец“ и други изданија.

Д-р Ѓоко Докоски е роден во Струга во 1953 година. По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Скопје специјализирал интерна медицина, а од 2008 година до пензионирањето во 2024 година работел како специјалист гастроентеролог во сопствена приватна ординација. Покрај медицината, со децении успешно се занимава со стрип и сликарство.

Стојан Кукунешоски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани