Општина Вевчани доби нов хидрауличен мини багер

Општина Вевчани доби нов хидрауличен мини багер, набавен преку проект финансиран од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, кој ќе биде ставен во функција на потребите на Општината и Јавното претпријатие „Еремја“.

Како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, новата механизација ќе овозможи поефикасно извршување на комуналните активности, побрза реализација на инфраструктурните проекти и понавремено одржување на јавната инфраструктура.

Со набавката, ќе се подобрат условите за работа на ЈП „Еремја“, а граѓаните ќе добијат поквалитетни и поефикасни комунални услуги. Од Општина Вевчани најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со инвестиции насочени кон подобрување на локалната инфраструктура и услугите за граѓаните.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани