Во Белчишта и годинава беше одржан традиционалниот фудбалски турнир „Стари и млади“, кој и овојпат собра жители и љубители на спортот во духот на дружењето и заедништвото.
Турнирот помина со одличен фудбал и спортски дух, а дружењето продолжи и по натпреварите со заедничка вечера. Од Општина Дебрца велат дека остануваат поддршка за настаните кои ја негуваат традицијата, спортот и го зближуваат локалното население.
