Николоски од Струга: Во завршна фаза автопатот Охрид Кичево

Изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива согласно предвидената динамика. Со полна пареа се работи на уредување на галериите  од село Извор до Врбјани. Паралелно се работи и на делницата Гостивар–Букојчани, каде што рокот за завршување е крајот на 2029 година.

Останува да се средат свлечиштата кај село Ботун, а со тоа во првиот квартал од идната година целосно да биде ставен во функција автопатот Охрид–Кичево.

-„Веќе две галерии се целосно завршени, третата е некаде со 70% динамика, четвртата е со некаде 50% динамика, во тунелите се работат, народски кажано, фините работи, односно се поставува софтвер, сигнализација за влење на сообраќајот, сигнализација за рано предупредување од пожари, вентилациски системи, како и супер модерен контролен центар, кој што го поставиме со цел зголемување на безбедноста и очекувам во текот на месец октомври да оваа најтешка делница од автопатот Охрид-Кичево биде ставена во функција“,  Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски

Вицепремиерот   Николоски денеска изврши   увид во капитални проекти во Општина Струга. Иизминатите две години  општината  доби вкупно 5,6 милиони евра за 4 инфраструктурни проекти.

„Се работи турбо. Мислиме дека ќе побарам и од вицепремиерот уште дополнителни проекти да се реализираат. Нормално дека овде не е направено со години наназад. Ние за овој пат за околу три месеци стигнавме до оваа фаза и продолжуваме на другиот дел, за да излеземе на главниот пат и таму да имаме и кружен тек, со цел да се растовари сообраќајот, особено во текот на летото, знаете дека е пренатрупан“, изјави  Менди Ќура – градоначалник на Општина Струга

По препораките на УНЕСКО ќе се изнајде нова траса за Коридорот 8, со која ќе се обезбеди поврзување на граничниот премин „Ќафасан“ со автопатската мрежа, но и заштита на природното и културното наследство и биодиверзитетот на регионот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани