Три лица од Битола се приведени вчера во охридското село Пештани, откако бил пријавен физички напад врз 42-годишен жител на селото.
Полицијата ги привела 25-годишниот А.Р., 47-годишниот З.Р. и 22-годишниот О.Р., кои според пријавата физички го нападнале Р.Б.
По целосното документирање на настанот, против тројцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
