Изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива согласно предвидената динамика. Со полна пареа се работи на уредување на галериите од село Извор до Врбјани. Паралелно се работи и на делницата Гостивар–Букојчани, каде што рокот за завршување е крајот на 2029 година.
Останува да се средат свлечиштата кај село Ботун, а со тоа во првиот квартал од идната година целосно да биде ставен во функција автопатот Охрид–Кичево.
-„Веќе две галерии се целосно завршени, третата е некаде со 70% динамика, четвртата е со некаде 50% динамика, во тунелите се работат, народски кажано, фините работи, односно се поставува софтвер, сигнализација за влење на сообраќајот, сигнализација за рано предупредување од пожари, вентилациски системи, како и супер модерен контролен центар, кој што го поставиме со цел зголемување на безбедноста и очекувам во текот на месец октомври да оваа најтешка делница од автопатот Охрид-Кичево биде ставена во функција“, Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски
Вицепремиерот Николоски денеска изврши увид во капитални проекти во Општина Струга. Иизминатите две години општината доби вкупно 5,6 милиони евра за 4 инфраструктурни проекти.
„Се работи турбо. Мислиме дека ќе побарам и од вицепремиерот уште дополнителни проекти да се реализираат. Нормално дека овде не е направено со години наназад. Ние за овој пат за околу три месеци стигнавме до оваа фаза и продолжуваме на другиот дел, за да излеземе на главниот пат и таму да имаме и кружен тек, со цел да се растовари сообраќајот, особено во текот на летото, знаете дека е пренатрупан“, изјави Менди Ќура – градоначалник на Општина Струга
По препораките на УНЕСКО ќе се изнајде нова траса за Коридорот 8, со која ќе се обезбеди поврзување на граничниот премин „Ќафасан“ со автопатската мрежа, но и заштита на природното и културното наследство и биодиверзитетот на регионот.
Новинар Соња Рилковска
