На паркинг простор во Охрид, вчера во 21:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 46-годишниот М.С. од Скопје.
Тој бил пријавен дека со остар предмет му се заканувал и се обидел да го нападне 30-годишниот Д.З. од Охрид.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
