Во рамки на Ohrid Water Festival, покрај Охридскиот пливачки маратон, во изминатите седум дена се реализираа повеќе спортски и рекреативни настани кои ја збогатија фестивалската програма.
Најмладите имаа можност да го запознаат нуркањето како спорт и рекреативна активност преку два настани посветени на промоција на рекреативното нуркање за деца.
Во рамки на фестивалот се одржаа и Четвртиот меѓународен пливачки митинг „ОВФ 2026“, кајак регатата Струга–Охрид, СУП јогата на вода, како и меч рејс регатата на едрилици, која завршува денес.
Ohrid Water Festival продолжува и оваа седмица со нови спортски активности на вода. Од четврток, 26 август, започнува и музичкиот дел од фестивалската програма, со концерт на Ѓоко Танески.



